Thursday, September 21, 2017

ЗА 23 СЕПТЕМВРИ, 2017 И ЗНАКОТ ОД „ОТКРОВЕНИЕ 12“!

Пријатели, ова што сега го објавувам е малку подолг текст, но ве уверувам –вреди да го задржи вашето внимание... Затоа, седнете во вашета омилена фотелја, земете го вашиот омилен пијалок, и започнете да читате внимателно.
Сакам да ви зборувам за еден настан на небото, претскажан од Исусовиот апостол и пророк Јован пред околу 2000 години. Станува збор за Окровение 12 глава, стихови 1-6. Еве ги:

1И се покажа голем знак во небото: жена, облечена со сонцето и месечината под нејзините нозе, а на нејзината глава круна од дванаесет ѕвезди,2и беше бремена и викаше од породилни болки и маки.3И се покажа друг знак на небото, и ете, голем црвен змев, со седум глави и десет рогови, а на неговите глави седум круни;4и неговата опашка повлече третина од небесните ѕвезди, и ги фрли на земјата. И змевот стоеше пред жената, која требаше да роди, за да и го проголта Детето кога ќе роди.5И роди машко Дете, син, кој ќе им биде на сите народи Пастир со железно жезло. И нејзиното Дете беше однесено при Бога и при Неговиот престол.6А жената избега во пустината, каде имаше место, што Бог и го приготви, за да ја хранат таму илјада и двеста и шеесет денови.“ (
Окровение 12:1-6.)

Верувале или не, - ваков настан не се памети од постоењето на човечката цивилизација, а ќе се случи на 23 септември, оваа година и ќе биде видлив само над Израел!
За целиот свет – ова е парабола, чие значење е скриено, но за Христовата Црква ова е откривање на мистерија.
Даги чуеме прашањата на Исусовите ученици и Неговиот одговор:

И учениците Му се приближија и Му рекоа: „Зошто им зборуваш во параболи?” 11А Тој им одговори и рече: „Затоа што вам ви е дадено да ги знаете тајните на царството небесно, а ним не им е дадено.12Зашто кој има, ќе му се даде и ќе има изобилие; а кој нема, ќе му се одзеде и она, што го има.13Затоа им зборувам во параболи, зашто гледаат и не видуваат, слушаат и не чујат, ниту разбираат.14И врз нив се исполнува пророштвото на Исаија, кое вели: ‘Со уши ќе слушате и нема да разбирате; со очите ќе гледате и нема да видите.15Зашто срцето на овој народ отапело; и со ушите тешко слушаат, и ги затворија своите очи; за да не гледаат со очите, или да слушаат со ушите, и да разберат со срцето и да се обратат, и Јас да ги исцелам.’16А вашите очи се блажени, зашто гледаат; и вашите уши зашто слушаат(Матеј 13:10-16).

НО ШТО НАВИСТИНА ЌЕ СЕ СЛУЧИ НА 23 СЕПТЕМВРИ?

Знакот најавен на небото, инаку опишан во Откровение 12 е наговестување дека времето на „Јакововите неволји“ - познато и како Период на најголеми неволји – би можело да започне на 23 септември 2017 година, што исто така и датум што се совпаѓа со есенската рамноденица.

Ваквото верување доаѓа од пророштвото содржано во последната книга од Библијата  во Книгата Откровение 12: 1-2, а што е реален настан на небото, кој ќе биде видлив над Ерусалим. Други пак, се воздржани од коментари, но сепак се восхитуваат на случајноста.

Овој пасус од Писмото во Новиот Завет метафорично опишува "жена облечена со сонце, со месечина под нозете и круна од дванаесет ѕвезди на главата“. Жената била бремена и викала заради породилните болки, затоа што требало да роди.

Многу луѓе во светот веруваат дека астрономското порамнување во кое се вклучени соѕвездијата Девица и Лав, сонцето, месечината и планетите Меркур, Марс, Венера и Јупитер, во септември 2017 година, ќе го исполни овој пророчки збор во најситни детали.

Поборниците на знакот од Откровение 12 велат дека жената e претставена од соѕвездието Девица, а круната од дванаесет ѕвезди ги претставува деветте ѕвезди на соѕвездието Лав во порамнување со планетите  Меркур, Марс и Венера. Месечината е поставена под "нозете" на соѕвездието Девица во септември 2017 година, а сонцето ќе поминува низ соѕвездието, што ќе дава впечаток дека жената е "облечена со сонце".
Вториот стих од 12тото поглавје вели дека жената "била бремена и викала од породилните болка". Некои луѓе сугерираат дека ова ќе биде исполнето така што, планетата Јупитер ќе излезе од соѕвездието Девица, откако претходно имал ретроградно движење (напред – назад, како бебе во утробата на мајката) во претходните 9 месеци во оној дел од соѕвездието Девица што би можел да се смета за "утроба" на Девицата. Во таа позиција е навлезен во ноември 2016 година. Јупитер излегува од долниот дел на "утробата" 42 недели подоцна, што е приближно на должина на човечката гестација  (нормален период на човечка гестација е во траење од 37 до 42 недели).

Исто така, беше откриено дека на очигледното ретроградно движење на Јупитер во утробата на Девицата му претходеше Борисов кометата „C / 2017 E1“ или уште наречена „Комета на зачнувањето“(?!) Оваа комета отпатувала од „бедрата“ на соѕвездието Лав до утробата на соѕвездието Девица  на 17 ноември 2016 година, непосредно пред влезот на Јупитер во „матката на Девицата“. Некои поборници на знакот од Откровение 12 сугерираат дека оваа комета го претставува божественото оплодување на жената, што подоцна го родила машкото дете (Јупитер). Ова ќе биде единственото патување на кометата низ нашиот сончев систем, бидејќи вообичаено Јупитер не е сончев орбитал.

Симболот од Откровение 12 се очекува да се совпадне со Големиот Еврејски Празник „Рош Хашана“, кој исто така се нарекува Празник на трубите. Празникот на трубите е прв од есенските празници и неговиот тајминг традиционално се темели на видливоста на младата месечина, која во 2017 година се очекува или да започне вечерта на 21 септември и да заврши навечер на 22-ри (доколку се забележи  2% видливост на младата месечина), така што знакот се очекува да стане видлив од вечерта на 22-ри се до крајот на вечерта на 23-ти.

Рош Хашана е прослава на еврејската Нова Година, така што на овој празник се одбележува завршувањето на одбележувањето на годината 5777 и почетокот на 5778 година (според Еврејскиот Календар). Се верува дека Празникот на трубите според Еврејската традиција е ден кога мртвите ќе бидат воскреснати и ќе започне Божјиот Суд, додека Христијаните веруваат дека овој период го опишува периодот на Големи Неволји, како што е опишано во Книгата на Откровението.

Целокупното  астрономско порамнување ќе се случи на 23 септември 2017 година на небото над Ерусалим.

Има различни толкувања на знакот од Откровение 12, па еве некои од нив:

Поголемиот дел од Библиските проучувачи веруваат дека жената ја претставува нацијата Израел, за која веруваат дека ќе влезе во повеќегодишен период на неволја, а машкото дете ја претставува Христовата Невеста (како една посебна група на верници од Христовата Црква), која можеби тогаш ќе биде Вознесена на Небото пред да започне периодот на Големи Страдања според Откровение 12:5. (Христијаните укажуваат дека единствен начин луѓето да ги избегнат предстојните неволји во светот и да бидат "вознесени", е да се покајат од своите гревови, да Го прифатат Исус Христос за Свој Господ и Спасител, кој умрел за нивните гревови, повторно воскреснал и е единствениот Пат и Посредник, преку Кој тие можат да се помират со Бога. Овие погледи ги споделуваат сите главни поборници, кои го согледуваат значењето на знакот од Откровение 12).

Иако има и други, ова се најчестите толкувања на симбилизмите од Откровение 12:
1)            „Жената“ ја претставува нацијата Израел и соѕвездието Девица, која навистина ќе се појави на небото;
2)            „Сонцето“ го претставува сонцето, секако;
3)            „Месечината“ ја претставува самата  месечина секако, но и Еврејскиот празник „Празникот на трубите“;
4)            „Круната од 12 ѕвезди“ се 12те племиња, кои ја сочинуваат нацијата Израел и соѕвездието Лав;
5)            „Големиот црвен змеј, кој има седум глави и седум круни на главите“ е планетарниот систем Нибиру, кој влегува во нашиот соларен систем, има 7 месечини и влече многу вселенски отпадоци зад себе;
6)            „Машкото дете“ т.е. планетата Јупитер  го претставува Христовото Тело, кое во моментот на „раѓање“ ќе биде всушност земено во настанот Вознесение, на Небото;

За планетарниот систем Нибиру и порано многу се зборуваше, иако не преку официјални соопштенија од валидни извори, како на пример, од НАСА. 

Но, еве што вели еден очевидец, кој сакаше да остане анонимен, за тоа што видел со сопствените очи преку Хабл (најмоќниот вселенски телескоп), до кој има официјален пристап:

„Сигурно претпоставувате дека вистинската причина, заради која е изработен и поставен Хабл е да се набљудува вселената и планетите, - но не сте во право. Вистинската причина беше да се опсервира тнр. „Планетата Х“ – како што тој наведе во интервјуто на 6 јуни, годинава. Научниците го гледале „Црвениот џин“ како доаѓа на небото над Калифорнија, носејќи со себе огромна опашка од вселенско ѓубре; Ова се случувало некој ден во 50тите години од минатиот век; Во еден момент, трансмисијата на Хабл се прекинала, но останал транскриптот и еве што понатаму тој изјавува: „Сите бевме запрепастени! Оваа црвена планета изгледаше како да ни е пред очите! Во тоа време можевме да зборуваме за тоа, дури имаше и излезено една слика на оваа црвена планета во едно научно списание… На моите дома им кажав за оваа планета и тие сите ми се изнасмејаа и ми рекоа: „Ај не се секирај. Ништо страшно нема да ѝ се случи на Земјата во наредните 50 години“; Е па, 50 години поминаа, а тоа чудовиште се уште е таму горе и доаѓа со застрашувачка брзина наваму... И со себе носи огромна опашка од ѓубре! Знаете, ние живееме во соларен систем, во кој имаме сонце и девет планети, а оваа Нибиру, која изгледа како огромна вжарена топка, има 7 планети и свое сонце! Значи имаме еден надворешен соларен систем, кој ќе навлезе во нашиот соларен систем и тоа е навистина страшно. ЦИА нареди да се даваат изјави дека Нибиру со својот соларен систем ќе не одмине и нема да има никакво влијание, но кога ќе се најде зад нашето сонце, нејзината брзина двојно ќе се зголеми, така што никој не знае да каже точно кога ќе се приближи до Земјата; Веројатно – многу побрзо од очекуваното!
А кога ќе се доближи, можно е да предизвика катаклизмични настани на земјата како: земјотреси насекаде на планетата, паѓање на астероиди, кои ќе имаат последователни ефекти од апокалиптичен карактер...“

И сега  - дали со овој напис најавуваме дата кога ќе се случи Доаѓањето на Исус по својата невеста?

 Не секако! Можно е овие денови да поминат како и сите други денови, бидејќи Исус сигурно нема да Дојде кога сите Го Очекуваат! Исус ќе Дојде „како Креадец во ноќта“, кога никој нема да Го очекува!

Сепак, пријатели... Добро е да паднеме на колена, да бараме прошка за гревовите (бидејќи Словото сведочи дека нема човек, кој не сторил грев) да Го Прифатиме Исус за Свој Господ и Спасител и да почнеме да Го Запознаваме Тој Наш Прекрасен Создател и Откупител, Бог, Кој Дојде во Тело на човек, така што „ќе ги пикнеме носевите“ во Библијата, и да ги бараме сите одговори на животните прашања од Неа, преку Водството од Светиот Дух!
Ох – да! Многу е практично и пожелно да започнеме да правиме и залихи од конзервирана храна, двопек, вода, свеќи, лекови, ќебиња, алтернативни извори на енергија (плински боци)...  Ако не за овој настан – можеби ќе ни требаат за некој друг... Сите гледаме што се случува во светот –земјотреси, урагани, поплави, терористички напади...
Никој не може да ни ја гарантира иднината на нашите животи. Ништо не е сигурно и безбедно, освен Исус! 
Ако ТОЈ ни биде нашата Цврста Карпа на која стоиме - никави животни бури нема да ни наштетат!

  ИСУС - СКАПОЦЕН КАМЕН - ТЕМЕЛНИК:
2Како новородени деца, копнејте по чисто духовно млеко на словото, за да пораснете преку него за спасение,3ако сте вкусиле дека Господ е добар.4Пристапете при Него, живиот Камен, Кого навистина луѓето Го отфрлија, но Кој е од Бога избран, и скапоцен, 5та дозволете од самите вас, како живи камења, да се изгради духовен дом, свето свештенство, за да принесувате духовни жртви, кои Му се пријатни на Бога, преку Исуса Христа.6Зашто пишува во Писмото: „Еве, поставувам во Сион аголен Камен, одбран и скапоцен; и кој верува во Него, нема да се посрами.”7Така, за вас, кои верувате, Тој е скапоцен; а за оние кои не веруваат: „Каменот, кого го отфрлија ѕидарите, но Кој стана аголен камен,”8и „камен за сопнување, и стена на соблазнување,” на која се сопнуваат оние, кои се непокорни на словото: за што се и определени! (1 Петар 2:2-8)

ВЕТУВАЊЕ ЗА ЗАШТИТА ОД БОГ:
1Ти, Кој живееш под покрив на Сèвишниот, што се одморуваш во сенката на Сèдржителот,2речи му на Господа: „Прибежиште мое! Тврдино моја! Боже мој, на Кого се надевам!”3Зашто Тој ќе те ослободи од примката на ловецот, од гибелниот помор.4Ќе те заштити со Своите крила, и ќе се засолниш под Неговите крила. Неговата вистина е штит и закрила!5Не ќе се боиш од ноќен страв, ниту од стрелата што лета дење,6ни од поморот, што се поткрадува во темнина, ни од гибелта што опустува напладне.7И нека паѓаат илјади покрај тебе, десетици илјади до Твојата десница, но до тебе нема да се приближи!8Само штом погледнеш со окото, веќе ќе ја видиш платата на грешниците.9Зашто Господ е твое засолниште, го избра Сèвишниот за своја закрила.10Нема да те најде несреќата, неволјата нема да се приближи до твојот шатор.11Зашто им заповеда на Своите ангели, да те чуваат на сите твои патишта.12Ќе те носат на раце, за да не се сопнеш на камен.13Со ногата ќе газиш лав и лутица, ќе ги згазиш лавчето и змијата.14Ќе го избавам зашто ме љуби, ќе го закрилам зашто Го познава Моето име.15Ќе Ме повика, а Јас ќе го услишам, со него ќе бидам во неволја, ќе го спасам и ќе го прославам.16Ќе го наситам со многу денови, ќе му го покажам Моето спасение. (Псалм 91)  
  

Извори:






No comments:

Post a Comment